Томовски повторно блесна во Бундеслигата - имаше 14 одбрани против Фуксе Берлин!

Македонскиот ракометен голман Мартин Томовски имаше уште еден извонреден настап во Бундеслигата, и тоа овој пат против Фуксе Берлин.

Германскиот вицешампион се измачи против Битигхајм поради одличниот Томовски кој запиша дури 14 интервенции на голот.

Томовски претходно блесна и против шампионот Магдебург (24-33), откако запиша дури 16 одбрани.

Битигхајм по седум одиграни меча се наоѓа на последната позиција во германскиот шампионат со еден триумф и шест порази.

Фото: SG BBM Bietigheim /Facebook