Македонија со уште едно очајно издание, Шкотска лесно ги освои бодовите во Скопје (ФОТО+ВИДЕО)
Не покажа премногу нашата репрезентација ниту во овој дуел, гостите беа подобрата репрезентација на теренот уште од самиот старт, па така резултатот го отворија по само седум минути игра со голот на Керон Боуви кој упати прецизен удар, а Димитриевски немаше шанси да интервенира.
Во компленото полувреме наша закана беше само ударот на Илиевски кој заврши над голот на гостинскиот чувар на мрежата. Димитриевски од друга страна неколку пати го спаси нашиот гол, па на пауза заминавме со еден гол негатива. Се обиде претходно Седлоски и со двојна измена и по само половина час игра ги уфрли Џеков и Атанасов на местата на Станковски и Херера, меѓутоа тоа не промени ништо на теренот.
Слична беше сликата и во вториот дел, каде што повторно не успеавме да се заканиме, а Шкотска единствениот гол го постигна од пенал на 20-тина минути пред крајот, стрелаше Мекгин.
Не помогна ниту тоа што гостите останаа со играч помалку по исклучувањето на Мекена над стартот на Елези во 83. минута.
Со овој натпревар продолжи и нашата црна низа без посигнат гол која сега е седум натпревари. За три дена Македонија ја чека последниот предизвик од овој прозорец против Швајцарија на гости.





