Швајцарија со пресврт ја совлада Словенија, Шпанија подобра од Чешка! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Швајцарија ја запишаа третата победа по ред во нашата група, откако вечерва беа подобри од Словенија со 2-1 во Лигата на нации.

Випотник по само две минути ја затресе мрежата на домаќинот за предност од 1-0, но потоа Јанжа си постигна автогол во 10. минута откако цела одбрана на Словенија реагираше катастрофално. Швајцарија направи целосен пресврт во 38. минута кога Дан Ндоје ја затресе мрежата на Јан Облак за 2-1.

Швајцарија е прва со девет поени во групата, по што следат Словенија и Шкотска со по четири бодови, додека Македонија е без бод.

Светскиот и европски шампион Шпанија без посериозни проблеми оствари уште една победа и ја продолжи доминацијата во Лигата на нации.

„Црвената фурија“ вечерва ја надигра Чешка со 3-1, а головите ги постигнаа Ламин Јамал, Родри и Мерино.

Фото: Facebook/Swiss Nati Men