Џеков: Мора да се издигнеме од оваа резултатска криза!

Македонија беше поразена од Шкотска со 0-2 во третото коло од Лигата на нации во Скопје, со што ја продолжи црната серија.

Дебитантот Ѓорѓе Џеков по натпреварот кажа дека му е мило што заиграл за најсилниот тим на Македонија, но жали што дуелот заврши со пораз.

„Чест и задоволство ми е што сум дебитант во нашата најдобра репрезентација, но не се надевав на деби со пораз. Имаме резултатска криза, но се надевам дека ќе се издигнеме од овој тежок период.

Притисокот е врз дефанзивците, но се надевам дека во следните натпревари ќе бидеме подобри, да ја зачуваме нашата мрежа и да почнеме да победуваме“, кажа Џеков.