Скандал: Хрватски ватерполист предизвикал сообраќајка, па нападнал полицајци во Рим!

Необични вести доаѓаат од Италија, каде што во главна улога е хрватски ватерполист кој бил приведен во Рим затоа што ги нападнал полицајците, откако претходно предизвикал сообраќајна несреќа.

Хрватските медиуми пишуваат дека Свен Аугусти, кој има 22 години, направи голем скандал во Рим откако се движел по улица целосно гол и предизвикал сообраќајка, поради која две лица се во болница.

По сообраќајната несреќа пристигнала полиција за да интервенира, но Хрватот ги нападнал и полицајците, по што бил приведен и однесен во полициска станица.