Еурофарм Пелистер оди во Шафхаузен по прв триумф во Европската лига

Еурофарм Пелистер лошо ја почна Европската лига со пораз од Ним од 21-26, но денеска има поправен испит, и тоа против стариот должник Кадетен Шафхаузен против кого досега има едно реми и еден пораз, па битолската екипа е подготвена за одмазда и прв триумф сезонава во натпреварувањето на ЕХФ.

Кадетен минатата сезона беше енигма за македонскиот тим, иако Еурофарм Пелистер беше блиску до победа во првиот меѓусебен меч во Битола, кој на крајот заврши 25-25, додека реваншот во Шафхаузен беше болен за битолчани, кои во ниту еден момент не му парираа на нивниот ривал.

Во екипата на Е. Пелистер се враќа Периќ, кој е заздравен од повредата на задната ложа, додека најголемата опасност од Кадетен доаѓа од средниот бек Јонас Шелкер, додека Жоан Кањелјас нема да настапи и ќе ја има улогата на асистент во натпреварот.

Натпреварот меѓу Кадетен и Еурофарм Пелистер се игра во Шафхаузен од 18.45 часот.