Шмекерски потег на Надал – му исполни животен сон на ривалот кој го мачеше три часа (ВИДЕО)

Рафаел Надал уште еднаш покажа за каков џентлмен се работи, а неговиот потег по тешкиот триумф во мечот со Аргентинецот Педро Качин (6-1, 6-7, 6-3) привлече големо внимание во светската јавност.

Шпанскиот тенисер со ова се избори пласман во осминафиналето каде што го чека Јиржи Лехечка од Чешка. Рафа мораше да игра три часа и шест минути за да ги преживе налетите на аргентинскиот тенисер и да се пласира во следната рунда. На крајот двајцата тенисери срдечно се поздравија, но и разменија зборови кои го обиколија светот.

„Ти благодарам Рафа многу, ми го исполни сонот. Не знам дали можеш, но сакам да те прашам, дали можам да ти ја задржам маицата или пешкирот или нешто слично како спомен“, беше прашањето на Качин до Надал..

Тој веднаш го доби одговорот што го сакаше.

„Да, сега ќе ти дадам“. Среќно во понатамошната кариера“, ми кажа Шпанецот.

Рафа набргу потоа му подари маица на Качин за спомен и сеќавање на пресметката која тој ќе ја памети цел живот.