Тер Штеген сакаше да биде мангуп, ама испадна лузер – ѝ подари гол на Валенсија (ВИДЕО)

Екипата на Барселона има негатива по првото полувреме на вечерашниот дуел на домашен терен против Валенсија (1-2), а еден од најголемите виновници за тоа е голманот Андре Тер Штеген, кој му подари гол на противникот.

Каталонците први поведоа со голот на Лопез во 22. минута, но пет минути подоцна изедначи Дуро и тоа по кардинална грешка на противничкиот голман. Тер Штеген сакаше да испадне мангуп и да го лобува ривалот далеку од голот, но не успеа во тоа туку само му ја подари топката со отворен пат кон празниот гол. Пепелу во 38. минута ѝ донесе водство на гостите со погодок од пенал.

Голема надеж за пресврт во второто полувреме донесе црвениот картон на гостинскиот голман Мамардашвили во четвртата минута од судиското надополнување поради намерно играње со рака надвор од шеснаесетникот.