Надал неочекувано се мачеше – му требаа дури три часа за осминафинале во Мадрид!

Рафаел Надал се пласира во осминафиналето на мастерс-турнирот во Мадрид, откако попладнево го совлада Аргентинецот Педро Кацин (6-1, 6-7, 6-3) и тоа на далеку потежок начин од очекувањата.

Најголем доказ за тоа е фактот што мораше да мине дури три часа на теренот за да го скрши отпорот на 91. тенисер на сетот, а половина од ова време беше „загубено“ во големата борба во вториот сет. Шпанецот почна фуриозно, првиот сет го доби само со еден загубен гем, но потоа не успеа да го задржи моментумот, па потклекна во тајбјрејкот. Но, поголемото искуство дојде до израз во решавачкиот дел од играта во која беше доволно подобар за да се радува на крајот.

Негов следен противник за место во четврт-финалето ќе биде чешкиот тенисер Јири Лехецка, кој во моментов е на 31. место на АТП листата.