Момчето кое снимаше рап песни со Халанд синоќа го посрамоти Мурињо (ВИДЕО)

Фудбалерите на Рома синоќа доживеаа дебакл во Конференциската лига затоа што на гостувањето кај Бодо Глимт беа поразени со 1-6.

Норвешкиот тим напрви вистинска сензација, а јунак во победата беше Ерик Ботхеим кој постигна два гола и имаше три асистенции за Бодо Глимт.

Ботхеим е талентиран норвешки фудбалер на кој му се предвидува светла иднина, а има само 21 година, додека во младинските категории на Норвешка бил голем пријател со Ерлинг Халанд.

Тие биле тинејџери и имале своја рап група во која снимале песни, а дури имале и спотови, кои може да се погледнат на Јутјуб.