![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2021/09/17/157897-reprezentativcite-na-gibraltar-odbile-da-si-razmenat-dres-so-haland.jpg?itok=NYryWPdK)
Репрезентативците на Гибралтар одбиле да си разменат дрес со Халанд
По овој натпревар никој од противничките фудбалери не сакал да го замени дресот со ѕвездата на Борусија Дортмунд затоа што Халанд претходно одбил да му го даде дресот на капитенот на Гибралтар.
„Го игнориравме. Во март нашиот капитен го бараше дресот од него. Тој кажа дека син му е голем фан на Халанд, но Норвежанецот само го погледна, се насмеа и си замине. Тој може да купи многу работи, но класата не може. Имаше можност да израдува мало дете, но тој одби, па поради тоа никој не сакаше од нас да го размени дресот“, велат репрезентативците на Гибралтар.
Халанд има неверојатни бројки сезонава, односно постигна 12 голови на 15 меча за Норвешка.