УЕФА се заканува: Финалето на ЕУРО 2020 би можело да се игра во Будимпешта
Европската куќа на фудбалот би можела да и ја одземе на Англија организацијата на завршницата на турнирот, поради рестриктивните мерки кои се на сила во Велика Британија. УЕФА бара од властите во државата исклучок од правилото за 10-дневен карантин за 2.500 ВИП гости за финалето на ЕП на „Вембли“.
Според сегашните правила во Велика Британија, сите лица кои доаѓаат од земјите од црвената зона мораат во десетневен карантин. Доколку британските власти не попуштат, УЕФА планира финалето да го премести во Будимпешта, каде што нема никакваи рестриктивни мерки.
Таму натпреварот би се играл пред 67.000 гледачи, како и првиот натпревар во рамки на групата Ф помеѓу Унгарија и Португалија.