Лазаров и другарите приредија сензација: Нант го урна Кјелце, оди во четвртфиналето!
Нант потсети кој е шармот на ракометот победувајќи го Кјелце среде Полска со 34-31, со што го анулира поразот од првиот круг, со 24-25, во својата сала. Уште од почетокот на мечот, Лазаров и соиграчите покажаа детерминираност да приредат изненадување, па го презедоа водството и константно имаа плус 2-3 гола. Дури и откако Кјелце се врати и изедначи на 11-11, Нант повторно ја презеде контролата и на пауза замина со 15-13.
Јасно беше дека фаворитот, предводен од Талант Душебаев не го кажал последниот збор и дека ќе биде уште поопасен во продолжението и така и беше. Со серија од 4-1 Кјелце поведе со 23-22, првпат на натпреварот, дури во 45. минута и само го подготви теренот за вистинска драма до крајот.
Кире Лазаров, кој беше релативно тивок дотогаш, стана човек на одлука во Нант и во последните десет минути од натпреварот директно влијаеше на пет круцијални гола. Два од нив постигна, за два асистираше, а за еден предизвика пенал, па Кјелце се врати во водство до плус два. Како отчукуваше часовникот, Кјелце имаше се помалку шанси, за на крај да капитулира и да му овозможи на Нант осминафинале со Веспрем, кој веќе има недостижни +11 против Вардар уште пред утрешниот реванш во Унгарија.
Лазаров постигна четири гола, а најефикасен беше средниот бек, Емерик Мин со осум. Кај Кјелце, Кулеш броеше до шест погодоци.