Жива легенда: Лазаров вечерва и официјално испиша историја во ЛШ!

Капитенот и селектор на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, денеска дојде до бројката од 250 настапи во Лигата на шампионите (ЛШ), со што влезе во историјата на ова натпреварување.

Легендата вечерва бие битка во Кјелце за пласман на неговиот Нант во четвртфиналето од ЛШ, со што го мина Арпад Штербик на вечната чиста ракометари со најголем број настапи во ова елитно натпреварување. Третото место му припаѓа на Тиери Омејер со 240 настапи, потоа следат Никола Карабатиќ (237), Јонас Калман (225), Тимур Дибиров (217), Виран Морос (215), Виктор Томас (214)...

Лазаров е рекордер и по бројот на одиграни сезони, вкупно 20, со што има една повеќе од Никола Карабатиќ. Исто така, македонската легенда го држи и рекордот по број на постигнати голови во ЛШ.