Лион го губи чекорот со водечките: Само до бод против Ленс (ВИДЕО)

Лион ремизираше 1-1 на гостувањето кај Ленс во рамки на 31.коло во Лига 1. 

Домашниот тим поведе со голот на Жонатан Клос во 65-тата минута. Лукас Пакета донесе бод за гостите во 81-та минута, а Лион во финишот остана и со играч помалку откако Ислам Слимани заработи директен црвен картон.

Лион е на четвртата позиција на табелата со 61 бод, пет помалку од лидерот Лил. Ленс е петти со 49 бодови.