Бомба од Каталонија: Гасол се враќа во Барселона!

„Мундо Депортиво“ објави дека Барселона се договорила со Пау Гасол да се пресели во нивниот тим и да остане дел од екипата до крајот на сезоната 2020/21.

Гасол се подготвува за Олимписките игри (ОИ) кои треба да се одржат летово, а во тоа треба да му помогне неговиот прв професионален клуб во кариерата, каде што настапуваше од 1998 до 2001 година.

Шпанецот го напушти каталонскиот гигант пред 20 години и притоа настапуваше во НБА-лигата, каде што ги носеше дресовите на Мемфис гризлис, Лос Анџелес Лејкерс, Чикаго булс, Сан Антонио спарс и Милвоки бакс, а притоа во најсилната кошаркарска лига одигра 1.362 меча.

Незгодните повредите и долгите периоди на рехабилитација го натераа да замине од НБА-лигата, но како што се ближат ОИ, тој сака да ја претставува Шпанија во Токио, па токму во Барселона ќе ја „бруси“ формата.