
Реал М. игра подобро без Зидан: „Кралевите“ лесно го збришаа Алавес (ВИДЕО)
„Кралевите“ функционираа како швајцарски часовник, иако играа без тренерот Зинедин Зидан, кој е во изолација откако беше позитивен на тестот за коронавирусот. Сите дилеми околу победникот беа решени во првото полувреме, по блескавата игра на Еден Азар, кој прво му асистираше на Карим Бензема за 2-0 во 41. минута, а пет минути подоцна и самиот се запиша во листата на стрелците за 3-0. Резултатот го отвори Касемиро уште во 15. минута.Ж
Во второто полувреме, домаќинот прво намали на 1-3 во 59. минута преку Жозелу, додека Бензема го постигна својот втор погодок во 70 минута за конелни 4-1.
Со овој триумф, Реал Мадрид се зацврсти на втората позиција на табелата со 40 бодови од 19 меча, зад засега неприкосновениот лидер Атлетико Мадрид, кој има 44 бодови и тоа од 17 натпревари.