Зидан замина во изолација: Го пропушта следниот натпревар на Реал?

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан мораше итно да замине во изолација откако имал директен контакт со лице кое било позитивно на Ковид-19. 

Французинот веднаш направил тест и моментално е во исчекување на резултатите, кои треба да покажат дали е негативен или позитивен на вирусот. Зидан пристигнал во тренинг-центарот на Реал утринава само да се тестира.

На првиот брз тест бил негативен, но му бил направен и втор тест или т.н. ПЦР-тест, кој е многу поверодостоен. Ако е негативен, според протоколите на Ла Лига тој ќе мора да остане во изолација и следните три дена, па повторно да направи ПЦР-тест. 

Тоа значи дека Зидан веројатно нема да биде на клупата на Реал Мадрид за дуелот во сабота против Осасуна.