Шевченко жестоко му возврати на Мудрик за допинг-скандалот!

Нов скандал го потресе украинскиот фудбал откако Андриј Шевченко јавно му возврати на Михајло Мудрик за обвинувањата поврзани со допинг-случајот поради кој фудбалерот речиси две години беше надвор од терените.

Мудрик претходно тврдеше дека забранетата супстанца мелдониум можела да заврши во неговиот организам единствено за време на престојот во тренинг-кампот на Украина.

Шевченко ги отфрли обвинувањата и побара докази од Мудрик, а доколку не постојат, тогаш очекува јавно извинување од младиот фудбалер.

„Ова е клевета против нашите луѓе. Тоа се луѓе кои го следат режимот и му помагаа во секојдневните активности. Ако Михајло има докази, тогаш нека ги достави. Доколку не постојат докази, тогаш очекувам да се извини“, кажа Шевченко.