Пред спектаклот на Тајсон: НБА-кошаркар влезе во рингот и беше брутално – нокаутиран (ВИДЕО)
Тој настапи во борбата пред главниот спектакл помеѓу Мајк Тајсон и Реј Џонс Џуниор во Лос Анџелес, а противник му беше познат Јутјубер и милионер, Џејк Пол (23), за кого ова беше втора професионална борба. Неговото искуство беше пресудно, откако во втората рунда успеа да го нокаутира залутаниот кошаркар, висок 176 сантиметри.
Целата сцена беше комплетирана откако раперот Снуп Дог, кој беше еден од судиите, почна да пее молитвена песна во моментите кога Робинсон се струполи на подот. Сцена која навистина беше брутална.