
Тошевски почна да дава голови за Ростов, ама за вториот тим (ВИДЕО)
Тошевски фаќа ритам во вториот тим на Ростов и уште еднаш покажа зошто рускиот клуб го ангажираше, а со неговите два гола најави дека е во добра форма и пред натпреварите на македонската фудбалска репрезентација до 21 година.
Македонските репрезентативци ги играат последните два меча во квалификациите за Евро 2021, и тоа на гости против Израел на 12 ноември и потоа дома против Црна Гора на 17 ноември.