Добра вест за Велкоски: Сараево е чисто од корона, ама утре на гостување ќе одат – урнебесно!
Фудбалерите на босанскиот првак експресно направија тестови после објавата дека Широки бројег имал дополнителни шест заразени играчи од ковид-19, па сите тестови во „бордо тимот“ се негативни и тие ќе одат утре на гостувањето во Бања Лука во меч од Купот на БиХ.
Но, тоа патување на сараевчани ќе биде урнебесно и само поради пандемијата, па Велкоски и другарите ќе патуваат со два автобуси, практично да се избегне и најмал ризик од некаква поголема зараза во тимот, а дури и стручниот штаб нема да патува со автобусите, туку тие со автомобили во вистински караван ќе одат во Бања Лука.
Фудбалерите во хотел ќе бидат сместени секој одделно во посебна еднокреветна соба, па клубот најави втора рунда тестови пред крајот на неделава, во пресрет на мечот од Премиерлигата на БиХ.