Марсеј се налути и ја прекина мизерната серија во Лига 1
Марсеј поведе со голот на Тован во петтата минута од мечот, а истиот фудбалер набрзо имаше можност да зголеми и на 2-0, но не ја искористи шансата од белата точка.
Во вториот дел Марсеј преку Амави и автоголот на Пабло стигна до сигурно водство од 3-0, по што играше рутински до последниот свиреж на натпреварот. Сепак, Бордо успеа да постигне почесен погодок, и тоа во 83. минута кога ги постави конечните 3-1.