
Нејмар со хет-трик го водеше Бразил до триумф против Перу (ВИДЕО)
Нејмар сега има 64 голови на 103 натпревари за Бразил, а на првото место Пеле има 77 голови. „Кариоките“ доста тешко дојдоа до триумфот во Перу, бидејќи прво два пати мораа да се враќаат по водство на домашната селекција.
Андре Карилјо ги доведе Перуанците во водство во 5.минута, а Нејмар израмни од пенал во 27.минута. По еден час игра Ренато Тапија повторно ја доведе домашната селекција во водство, а Ричарлисон израмни пет минути подоцна.
Нејмар во 83-тата минута повторно погоди од пенал за 2-3, а во 89-тата минута Перу остана и со играч помалку по црвениот картон за Карлос Замбрано. Нејмар со својот трет гол стави точка на натпреварот во 94-тата минута за Бразил да остане со максимален ефект по два натпревари во квалификациите.
НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Еквадор - Уругвај 4-2
Венецуела - Парагвај 0-1
Чиле - Колумбија 2-2
Боливија - Аргентина 1-2