
Аргентина со пресврт ја совлада Боливија: Мартинез и Кореа донесоа победа (ВИДЕО)
Марсело Морено го отвори резултатот во Ла Паз во 24-тата минута со гол со глава. Лаутаро Мартинез е првиот фудбалер освен Меси што постигнува гол за Аргентина во квалификациите за едно Светско првенство уште од крајот на 2016 година. Голгетерот на Интер погоди за 1-1 во 45-тата минута од натпреварот и тоа доста среќно.
Победата на „гаучосите“ ја обезбеди Хоакин Кореа во 79-тата минута по одличното додавање од Мартинез.