Мурињо му се одмазди на бившиот тим: Тотнем го декласираше Јунајтед! (ВИДЕО)

Тотнем одигра феноменален меч против Манчестер јунајтед на гостувањето на „Олд Трафорд“ и триумфираше со 6-1.

Бруно Фернандеш им донесе водство на „ѓаволите“ во втората минута од дуелот, по што Ндомбеле израмни во четвртата минута. А само три минути подоцна Хеунг-Мин Сон погоди за 2-1.

Дополнителен хендикеп за Јунајтед беше црвениот картон на Ентони Марсијал во 28. минута, по што Хари Кејн зголеми на 3-1 и Сон со уште еден гол стрелаше за 4-1.

Серж Орие погоди за 5-1 во 51. минута, а Кејн со вториот гол во 79. минута ги постави конечните 6-1.