Адеми одбил богатство пред мечот со Флора за да направи трансфер во Унгарија!
Адеми пред мечот со Флора добил неверојатна понуда од Ференцварош, унгарскиот гигант кој обезбеди место во елитното друштво по 25 години, но понудата ја одбил за да остане капитен на својот Динамо, со кој има договор до 2025 година.
Ова го открил коментаторот на ТВ Аренаспорт, Ивица Блажичко за време на преносот на „модрите“ со естонскиот клуб. Според Блажичко, Адеми требало да биде најплатениот фудбалер во историјата на унгарскиот фудбал, а мотивација плус е што ќе игра во ЛШ, но Адеми не сакал ни да чуе за такво нешто, особено да оди во клуб кој го елиминирал Динамо.
Загрепчани испаднаа токму од Ференцварош во третото коло од квалификациите за ЛШ. Адеми во изминатиот период имаше понуда од француски Лил, која финансиски беше незадоволителна за Динамо, а потоа имаше пребогата понуда да оди во Саудиска Арабија, која во последен момент ја одби и по се изгледа македонскиот репрезентативец е решен да се пензионира во загрепскиот гигант.