Вердаско ќе ги тужи организаторите на Ролан Гарос

Шпанскиот тенисер Фернандо Вердаско ќе ги тужи организаторите на Ролан Гарос поради дисквалификацијата од гренслем-турнирот по позитивното тестирање на ковид-19.

Вердаско верува дека тестот бил лажно позитивен со оглед на тоа дека во август веќе го победил вирусот, а според неговите зборови, организаторите не му дозволиле нов тест.

„Да, без сомнеж ќе ги тужам. Никој не може да верува дека турнир како Ролан Гарос го направи ова. Не станува збор за пари, туку за професионална и лична штета. Не знам дали ќе играм годинава, зашто не сум расположен за такво нешто. Организаторите прават што сакаат, не ги следат правилата. Замислете го мојот бес, покажаа голема непочит кон играч кој играше на Ролан Гарос во последните 16 години“, вели Вердаско.