Се пензионираше еден од најтрофејните шпански фудбалери во историјата!

Еден од најтрофејните шпански фудбалери во историјата, Педро, крај на професионалната кариера.

Во текот на кариерата, Педро освои 24 клупски трофеи, а со шпанската репрезентација стана светски шампион во 2010 година, како и европски шампион две години подоцна.

Со Барселона, меѓу другото, трипати ја освои Лигата на шампионите и петпати титулата шампион на Шпанија, додека со Челси освои титула во Премиер-лигата и Лига Европа. Настапуваше и за Рома и Лацио. Вкупно одигра 841 натпревар и постигна повеќе од 200 голови во кариерата.

„Чувствувам дека дојде време. Време е за следниот чекор и за почеток на ново поглавје во мојот живот. Заминувам горд што го живеев својот сон и благодарен на сите кои беа покрај мене за да го остварам. Ти благодарам, фудбалу, што ме направи толку среќен“, напиша тој на социјалните мрежи.

Педро силно блесна за време на престојот во Барселона под водство на Пеп Гвардиола. Со каталонскиот клуб освои сè што можеше да се освои: пет титули во Ла Лига, три Купа на кралот, три трофеи во Лигата на шампионите, четири Суперкупа на Шпанија, три Суперкупа на УЕФА и две титули на Светското клупско првенство на ФИФА.

„Беше привилегија да бидам дел од најдобриот тим на Барса во историјата. Освоивме сè и го воодушевивме светот“, порача Шпанецот. 

За репрезентацијата на Шпанија одигра вкупно 65 натпревари и постигна 17 голови.

Фото: Barcelona FC