Давид Силва ја прекина пензијата и потпиша за нов клуб

Легендарниот шпански фудбалер Давид Силва по три години ја прекина пензијата и се врати на играњето фудбал.

Силва денеска беше претставен како нов фудбалер на екипата Суприм Шатин од Хонг Конг, која се натпреварува во највисокиот ранг на фудбалот во оваа земја.

Не е прецизирано на колкав временски период е потпишан договорот меѓу двете страни, но од Шатин порачаа дека станува збор за краткорочна соработка.

Силва своето деби за новиот клуб може да го очекува следниот месец, а ќе биде првиот фудбалер од светска класа кој ќе настапува во Хонг Конг по Диего Форлан, кој во 2018 година играше за Кичи.

Четириесетгодишниот Силва последниот ангажман го имаше во шпанскиот Реал Сосиедад, а претходно настапуваше за Манчестер Сити, Валенсија, Селта и Еибар. Секако, најдлабока трага остави носејќи го дресот на „Граѓаните“, за кои настапи 436 пати, постигна 77 голови и забележа 136 асистенции.

Со Сити четири пати беше шампион на Англија, но тие титули би можеле да му бидат одземени на тимот од Манчестер по најновиот голем скандал, бидејќи било утврдено дека клубот во тој период вршел различни финансиски малверзации