Нема промени кај шампионот, Артета оди по стапките на Венгер

Сосема очекувано по одличните резултати минатата сезона и освоената шампионска титула, Микел Артета го продолжи договорот со Арсенал.

Во својата историја Арсенал имал шест тренери кои во клубот се задржале најмалку девет години, а последен беше Арсен Венгер кој е и рекордер. Артета сега е во седмата, а се обврза на верност до 2030 и ако остане до тогаш веќе би имал 11 години на клупата на лондонскиот клуб.

Сепак, Шпанецот нема да го загрози рекордот на Венгер, кој неверојатни 22 години беше на клупата на Арсенал. Но, со неполни 11 години откако пристигна во декември 2019 година, Артета би станал третиот најдолговечен тренер во историјата на клубот.

Пред него би останале само легендарниот Венгер и Џорџ Алисон, кој го предводеше Арсенал 13 години, од 1934 до 1947 година.

Интересно е што сите тренери кои поминале девет или повеќе години на клупата на Арсенал успеале да ја освојат шампионската титула. Тоа му успеа и на Артета во седмата година од неговиот мандат.