Прилеп поради седум секунди доби казна од РФМ - ќе плати 100.000 денари!

Ракометниот клуб Прилеп доби казна од 100.000 денари од страна на федерацијата поради пропусти во снимањето на натпреварот против Струга.

Имено, поради веројатно технички проблем последните секунди од тој дуел кој заврши без победник не биле снимени.

Во Дисциплинскиот правилник на Ракометната федерација јасно стои дека за нецелесен видео запис екипата домаќин се казнува со сума од 100.000 денари, па така прилепчани ќе мора да ја исплатат оваа сума.