УЕФА реши: Ц. Звезда нема да гостува во Ерменија, дали тоа ќе важи и за Македонија!
Челниците на УЕФА во последен момент процениле дека во моментов не постојат услови за играње во оваа држава поради војната која се води со Азербејџан за регионот Нагорно Карабах.
Останува да се види дали ваков ќе биде ставот на предводниците на европскиот фудбал и во иднина, нормално ако се пролонгираат воените дејствија во оваа земја, со оглед што Македонија треба да гостува во Еревен кон средината на ноември, во меч од годишното издание на Лигата на нации.