Корона хаос – втор дел: Цел тим на Работнички позитивен на Ковид-19!
Денеска речиси идентичен случај како во составот на Кирил Лазаров има и во таборот на Работнички, чија управа пријави дури 16 заразени со коронавирусот и тоа по случајно тестирање, без никаков повод. Засега нема реакција од РФМ, но се очекува идентична одлука како и за другата група, а тоа е прекин во период од најмалку 15 дена, во кој би се намалил драстично бројот на позитивни, а со тоа би се создале услови за продолжување на првенството.
Овие пролонгирања прават огромен проблем за федерацијата, посебно за нивниот план Суперлигата да се доигра до крајот на октомври. Засега не е исклучено ниту доигрување во т.н. „балон“, односно во еден град со една или две сали, во кој ракометарите би биле изолирани и не би имале контакт со надворешниот свет.