Ролан Гарос му додели вајлд-карта на Енди Мареј

Освојувачот на Ју-Ес опен од 2012 и Вимблдон од 2013 и 2016 година ќе заигра на Ролан Гарос, кој е на распоред од 27 септември до 11 октомври, откако организаторите му доделија вајлд-карта.

Мареј претходните години имаше проблеми со повреди, а во моментов се наоѓа на 110. позиција на АТП-листата, додкеа најдобриот резултат на Ролан Гарос го оствари во 2016 година, кога во финалето загуби од Новак Ѓоковиќ.

Поранешниот најдобар тенисер во светот играше со специјална покана и на годинешниот Ју-Ес опен, но беше поразен уште во второто коло.