НБА ќе добие нов првак: Тејтум го елиминира првакот Торонто (ВИДЕО)

Џејсон Тејтум стана вториот најмлад кошаркар веднаш зад својот идол Коби Брајант и го предводеше Бостон до победа за конференциско финале на Истокот во кошаркарската НБА-лига, откако Селтикс го елиминираа првакот Торонто Рапторс и со тоа во најсилната кошаркарска лига сезонава ќе има – нов шампион.

Бостон победи со 92-87 во мечот на кој Тејтум со 22 години и 192 дена стана вториот најмлад кошаркар кој во мајсторка во плејофот дал над 25 поени и имал над 10 асистенции и над 5 скокови. Младата ѕвезда на Бостон со 29 поени, 12 скока и седум асистенции беше брилјантен за да стане втор најмлад кошаркар после трагично загинатиот Брајант, кој на 21 година и 286 дена во 2000 година имаше ваков учинок.

Во неизвесниот меч, како што и можеше да се очекува, бидејќи стануваше збор за мајсторка, па Бостон во вториот дел успеа да стигне до 10 разлика, но и Торонто да се врати и во завршницата Ванвлит на 12 секунди пред крајот промаши за три поени при водство на Селтикс со 89-87 и потоа Вокер од линијата за слободни само за заклучи победата. Поддршка за Тејтум беше Браун со 21 поен и осум скока, додека кај Торонто, Ванвлит даде 20, а Ловри 15 поени. Бостон против Мајами ќе игра во финалето на Истокот и ќе се бори за место во големото овосезонско финале во НБА-лигата.

Денвер Нагетс се избори за шести меч и не дозволи ЛА Клиперс да обезбеди конференциско финале со победата од 111-105 во петтот меч од полуфиналниот дуел на западот, во кое на Клиперс не помогнаа комбинираните 62 поени од Каваи Ленард (36) и Пол Џорџ (26), како и водството од 16 поени разлика кое успеаа да го прокоцкаат.

Џамал Мареј со 26 поени, осум скока и седум асистенции беше предводник на Денвер, а Никола Јокиќ имаше дабл-дабл учинок со 22 поени и 14 скока, со што Денвер остана во живот во дуелите со Клиперси.