Атлетико Мадрид со голот на Мората освои бод кај Селта (ВИДЕО)
Алваро Мората во првата минута од мечот постигна погодок за 1-0, а Атлетико потоа имаше неубедлив натпревар, па казната пристигна во 49. минута од дуелот преку Белтран, кој ги постави конечните 1-1.
Атлетико Мадрид има 63 бодови на третата позиција во Ла Лига, додека Селта се наоѓа на 15. место со 36 бодови.