Паднал договор: НБА продолжува во Орландо со 22 екипи!
Војнаровски предмалку ја објави информацијата на својот Инстаграм-профил, откако Бордот на НБА одлучил сезоната да продолжи со 22 екипи во Дизниленд, за нешто што од поодамна се најавуваше.
НБА беше прекината во март годинава, откако жестоко удри пандемијата со коронавирус, а имаше и неколку кошаркари од најсилната лига, кои беа заболени од Ковид-19. Според најавите лигата би требала да продолжи од 31 јули.
Според форматот, лигата ќе се доигра без екипите, кои во моментов немаат никаква шанса да стигнат до плејофот, а тие што се во игра остануваат, за да се запази регуларноста и да им се овозможи на сите подеднаква шанса за да влезат во разигрувањето