„Играв добро против Меси кога имаше 16 години, но не можев да издржам повеќе од 25 минути“

Легендарниот италијански дефанзивец Алесандро Костакурта ги спореди двајцата гиганти во аргентинскиот фудбал, Лионел Меси и Диего Марадона.

Костакурта во дресот на Милан имаше можност да води дуели со двајцата, а на него оставиле одличен впечаток.

„Имав шанси да играм против двајцата. Врз Марадона можевте да направите 66 прекршоци пре да добиете жолт картон. Меси е поинаков, но двајцата се генијалци во својата игра. Кога играв против Меси, тој имаше 16 години. Го гледав како дете и без проблеми на почетокот добивав дуели, но по 25 минути морав да барам замена“, кажа Костакурта.