(Не)очекувано: За македонските кошаркари 2020 година е веќе – завршена!
Избраниците на селекторот Александар Тодоров требаше против Италија и Естонија, двете на гости, да ги одиграат пред крајот на 2020 година, но според новиот план тие ќе бидат поместени за февруари следната година. Причина за ваквата одлука е желбата на ФИБА да им даде поголем простор на клубовите за враќање во нормала по долгата пауза поради пандемијата со коронавирусот, која донесе прекин на првенствата во сите европски држави.
Македонија квалификациите ги почна со два порази во февруари годинава и тоа дома од Естонија и на гости против Русија, што и тоа како ни го отежна патот кон следниот континентален собир. Пласман на ЕП ќе обезбедат три од четирите репрезентации од групата, што значи дека на жолто-црвените им е неопходна победа на гости против естонската селекција.