Лејкерси завршија со изолацијата – никој нема коронавирус!
Кошаркарите се најдоа во изолација откако коронавирусот се појави во НБА, а прв што беше позитивен на тестот беше Руди Гобер од Јута Џез. После ова сите клубови се тестираа, па иако првично беше посочено дека двајца кошаркари се позитивни во Лејкерс, после истекот на 14-дневниот карантин, сега сите се со негативни наоди.
Во САД алармантно се шири новиот Ковид-19, па скоро 160.000 луѓе се заразени, додека во НБА, покрај Гобер уште и Донован Мичел го закачи новиот вирус, како и уште неколкумина други кошаркари, но сите тие без поголеми последици се излечија.