Рамос донираше над 250.000 маски за лице во борба против коронавирусот (ФОТО)

Веќе е јасно дека била каква донација е од голема помош за секого, а во оваа борба против коронавирусот се вклучи и ѕвездата на Реал Мадрид, Серхио Рамос, како и неговата сопруга Пилар Рубио.

Двајцата направиле разни набавки преку УНИЦЕФ. Донирале 264.571 маски за лице, 1.000 заштитни костуми и 15.000 тестови.

Помошта од семејството Рамос се приклучува како целокупна поддршка на Реал Мадрид во борбата против пандемијата.

Целиот тим на Реал Мадрид се вклучи со донации.