
Готвачот на Баерн Минхен имал „волшебен напиток“ за одбрана од коронавирусот
Шухбек тврди дека зајакнувањето на имунолошкиот систем е најважна работа, а најголем дел на тоа отпаѓа вистинската и правилна исхрана и користење на еден продукт. Им порачува на сите во овие моменти, дека „волшебниот напиток“ не е волшебен за да ве зајакне за три минути, туку потребен е добар период на постојано консумирање.
А, станува збор за – масло за јадење!
„Никој не може да активира имунолошки систем за три минути. На нашето здравје треба да работиме долгорочно, со месеци, со години. На луѓето не им е скапо да дадат 35 евра за масло за автомобилите и тоа спречува на автомобилот ништо да не му се случи. Литар масло за нашето тело е две евра и мора трајно да се консумира со здрави намирници. Од една чаша не се зајакнува имунитетот, ама ако постојано го консумирате, тогаш сте на добар пат трајно да се заштитите од овој вирус“, открива готвачот на Баерн.