Македонскиот „Спајдермен“ во идеалниот тим на завршницата од квалификациите за ЕП!

Голманот Мартин Томовски, се најде во идеалниот состав на последните две рунди од квалификациите за ЕП 2026, објави утринава Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Овој избор е само потврда за брилијантната форма на македонскиот „Спајдермен“, кој блескаше во клучните мечеви против Естонија и Литванија, на кои имаше по 13 интервенции на секој натпревар. На гостувањето во Талин тој буквално ја „спушти ролетната“, а истото го повтори и во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, каде македонската репрезентација го потврди пласман на уште едно големо натпреврување.

Покрај Томовски, во „дрим-тимот“ се најдоа уште и Тен Велде (Холандија), Белос (Австрија), Станчиуц (Романија), Теигум (Фарски Острови), Ромеро (Шпанија), Лигетвари (Унгарија), како и најдобриот играч според изборот – Французинот Ричардсон.