
Ел Класико носи богатство: Барса во неделата заработила безмалку 14 милиони евра
На Монжуик гостуваше Реал Мадрид во четвртото Ел Класико сезонава, но прво на кое домаќин беше Барса. Каталонските медиуми тврдат дека вкупните приходи на клубот од овој натпревар изнесуваат 13,8 милиони евра и тука не влегуваат само оние од продадените билети, туку и од сувенири и целата индустрија што се придвижува тој ден.
На Монжуик во неделата беа присутните безмалку 52 илјади гледачи што е рекорд на сезоната. Тоа веројатно беше последно Ел Класико на Олимпискиот стадион во Барселона бидејќи е најавено дека најдоцна до септември, тимот ќе се врати на реновираниот Камп Ноу.