Левандовски донираше 1 милион евра за борба против коронавирусот

Ѕвездата на Баерн Минхен, Роберт Левандовски даде 1 милион евра за борба против коронавирусот и испрати моќна порака.

Пред некој ден слична донација направија и неговите соиграчи Леон Горецка и Џошуа Кимих. 

„Денеска сите сме свесни за ситуацијата во која се наоѓаме. Денеска сите играме за еден ист тим. Ајде да бидеме силни и да се бориме против ова заедно. Ако можеме да му помогнеме на некому безбедно, тогаш да го направиме тоа. Доброто секогаш се враќа. Ситуацијата влијае на сите нас, ние не ја бираме, па затоа уште еднаш бараме, да ги слушаме препораките од властите. Слушајте ги оние кои добро ги познавате. Ајде да бидеме одговорни. Веруваме дека наскоро ќе се вратиме во нормала. Ајде да бидеме заедно и да бидеме солидарни“, изјави полскиот репрезентативец.