Страв од коронавирусот: Маскирани соиграчи на Елмас биле во ноќен шопинг (ФОТО)

Најалармантна ситуација поради коронавирусот владее во Италија, каде што сите спортски настани се запрени до трети април.

Некои фудбалери на Наполи доцна синоќа маскирани заминале во шопинг. По објавата на италијанската Влада дека е ограничено движењето на граѓаните, тие веднаш заминале да купат храна.

На Апенините во многу продавници е ограничен бројот на купувачи поради што пред влезовите мора да се чекаат редови.

Фернандо Љоренте, Хозе Калјехон и Давид Оспина биле забележани пред еден супермаркет како чекаат во ред за да влезат во продавницата.