Петра Влахова ја освои „Златната лисица“

Словачката скијачка Петра Влахова победи на слаломската трка во Крањска Гора, а до триумфот на 56-то издание на „Златна лисица“ дојде со одлична втора трка и вкупно време од 1:47.56.

Влахова зад себе ја остави Венди Холденер, која заостана 24 стотинки, а трета беше Австријката Катарина Трупе со 70 стотинки послабо време.

Швеѓанката Ана Свен-Ларсон, која водеше по првата трка, падна во втората, па  Словачката можеше да слави освојувајќи ја „Златната лисица“.

Со овој триумф Влахова се доближи до Микаела Шифрин и Федерика Брињоне во генералниот пласман на Светскиот куп и сега има 1071 бод, додека Шифрин има 1225 бода.