
Вардар подготвен за пролетната офанзива кон титулата - победа во генералниот тест
Лидерот во Првата лига до победата стигна со по еден гол во двете полувремиња, прво на Матеј Цветановски во 21-та минута, а потоа и на Џемал Ибиши во 63-та минута.
Црвено-црните во сабота од 14 часот притив Македонија ЃП на Арената тргнува во пролетната офанзива за шампионската титула, во која влегува со зимницата од осум бода пред најголемиот ривал Шкендија.
За Вардар денешниот триумф е прв во овие зимски подготовки, откако во Анталија само еднаш ремизираше со Црвена Звезда, а петпати загуби во шесте контролни мечеви.