Бомбач со девет гола ја предводеше Словенија до триумф против Исланд
Словенците одлично го почнаа мечот, па со серија од 5-0 стигнаа до водство 7-2, но како минуваа минутите така се топеше нивната предност, па Исланд поведе со 14-13. Сепак, Словенија на пауза замина со 15-14.
Словенија играше сигурно и во второто полувреме, па на средината на вториотдел имаше водство од 26-20, по што Исланд успеа да ја намали негативата на 27-30.
Деан Бомбач ја предводеше Словенија до победа со девет голови.